ПОТРЕБНИ СЕ НАД 8000 РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: Услужните дејности и продажбата со 2.688 слободни работни места

Во второто тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места е 1.62 %, односно нивниот број изнесува 8.059, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.33 % има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.25 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.25 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.66 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2.688, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Истовремено од Државниот завод за статистика информираат дека бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани е поголем за 0.4 %. Во периодот јануари − јули 2023, пак, споредено со истиот период од 2022, зголемувањето е 0.8 %.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 2.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

ЗЛАТОТО СТИГНА РЕКОРДНИ ВИСОЧИНИ: За нешто повеќе од три месеци цената порасна исто колку и во ЦЕЛАТА минатата година

BiznisPRO

Кичевчанец и кочанчанец добиле стотици илјади евра на игрите на среќа, а еве ги најсреќните 10 луѓе во Македонија!

BiznisPRO

Норвежаните го решија проблемот: Гасот во Европа не беше толку евтин со години

BiznisPRO