Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе од 40 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко.

Организаторот најавува дека саемот ќе се реализира на отворено, во Комплекс – Борис Трајковски во Скопје.

На Саемот за транспорт, се најавуваат ексклузивни саемски понуди од познати импортери на товарни возила, приклучни возила, како и голем број на брендови со палета на комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги. Во групата на брендови-учесници се вбројуваат МакАутоСтар со Mercedes-Benz и Fuso, Schmitz Cargobull, Volvo, Cargomax IVECO, АутоМакедонија Групација (Isuzu, Piaggio Commercial, SsangYong), Krone, ManiService, Carrier, Sa-Tra, Termo Sistems Pegi, Thermo King, Euro Bus, Motocentar, Dauti-Transport-Shped, Diginet, Фас-Вас Авто Центар, Petronas, LTL Balkan, Велком Трејд Сервис, Виадукт Трејд, Стиринг трејд, Matrix, DB Schenker, Cargo-Partner, Uni Parts, Sunward, Takeuchi, Everun, ITR USCO, T&T parts, Мега техника, ТТG, Frotcom, Еуроват Про, Бе-Да логистик, Mајанца шпед, Sparkasse Leasing, Macedonia From Above и други.

Во рамките на тридневниот саем, ќе се одржат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата.

Саемот за транспорт 2023 ќе започне на 07.06.2023 (среда) и ќе трае до 09.06.2023 (петок). Истиот ќе биде отворен за сите заинтересирани посетители и деловна публика, секој ден, со почеток од 10:00 до 18:00 часот.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чинат девизите денеска? – Курсна листа за 3-ти јуни

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Народната банка го поддржува женското претприемаштво како двигател на економскиот раст

BiznisPRO

Во март добри вести и за работниците и за пензионерите: Се очекува нова минимална плата и раст на пензиите

BiznisPRO