фото НБРМ

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2024 година

Вo четвртиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаa ниво од 255.271 милиони денари, што претставува квартален раст од 12.464 милиона денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 21,2% во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество од 65,5% во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 14,6%.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 51,9% и 26,3%, соодветно), додека на страната на обврските, најголем дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 53,1% и 37,8%, соодветно).

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука во РКЕ: Возачите на бензин “радосни”, а за оние на дизел “разочарување”

BiznisPRO

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

BiznisPRO

Убава вест: Следува продолжен викенд

BiznisPRO