Познат моден бренд се шири во регионот, ја покрива и Македонија

Полската модна групација LPP планира да отвори 300 нови продавници Sinsay на европскиот пазар оваа година.

ЛПП ќе инвестира 200 милиони евра во проширување на малопродажната мрежа, изјави финансискиот директор на групацијата ЛПП Пшемислав Луткевич. Тој додаде дека се оптимисти и покрај тешката година и последиците од пандемијата, кои се уште се видливи.

Групацијата исто така се потпира на нов логистички центар кој беше отворен во 2023 година и кој ги покрива пазарите во Романија, Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Северна Македонија и Унгарија. Во продавниците и централите моментално има околу 11.000 вработени.

Sinsay поседува 523 физички продавници во 18 земји, од кои 40 се наоѓаат во Србија, а има и онлајн продажба во 16 земји.

Во 2023 година, LPP ги отвори првите продавници на Sinsay во Грција, а на почетокот на оваа година беа отворени канцеларии во Истанбул и Барселона. Брендот Mohito, кој работи во рамките на LPP групацијата, наскоро планира да ги отвори своите први продавници во Италија.

Можеби ќе ве интересира...

Пивара Скопје го проширува портфолиото со производите на BACARDI-MARTINI, FINLANDIA И THREE CENTS

BiznisPRO

Финансиската инјекција на Вашингтон за Интел за развој на воена технологија

BiznisPRO

Макроекономски монитор: Изгледите во поглед на инфлацијата стануваат поповолни, но зависат од критични домашни фактори

BiznisPRO