Познато е кога ќе бидат исплатени пензиите, некои од банките тоа го прават и порано

Познато е кога ќе бидат исплатени пензиите, некои од банките тоа го прават и порано, објави Centar.mk.

По вчерашната објава на ревизијата за пензинскиот систем, стигна уверување дека пензиите ќе се исплаќаат редовно.

Според рокот пензијата за јуни ќе биде исплатена на 1. јули. Некои од македонските банки тоа го прават и порано.

Инаку на вчерашниот ревизорски извештај реагираше и ПИОМ, од каде меѓу другото соопштија:

-Фондот на ПИОМ смета дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите, објави Centar.mk.

Сите пензионери непречено и континуирано ги остваруваат своите права од здравственото осигурување и редовно ги добиваат здравствените услуги под исти услови како и досега.

Фондот на ПИОМ целосно ги прифаќа препораките на Државниот завод за ревизија и континуирано работи на нивна имплементација.

Истовремено, Фондот на ПИОМ останува посветен на принципите на законитост, отчетност, транспарентност и домаќинско управување со средствата на осигурениците и пензионерите.

Граѓаните и пензионерите треба да бидат уверени дека финансиската стабилност на Фондот, редовната исплата на пензиите, непреченото функционирање на пензискиот систем и континуираното обезбедување на здравствените права на пензионерите не се доведени во прашање и остануваат врвен приоритет на актуелното раководство на ПИОМ и Владата на Република Македонија, заклучуваат од ПИОМ, објави Centar.mk.

 

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чинат девизите во понеделник? – Курсна листа за 10 март 2025

BiznisPRO

ПРЕД КОМПАНИИТЕ ПРОМОВИРАН НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА ИЗВОЗ НА КОМОРАТА: Конкретни активности, инструменти и алатки во интерес на извозните компании

BiznisPRO

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност

BiznisPRO