Следниот понеделник на 1. јуни 2026 е законскиот рок според кој македонските пензионери редовно ќе ја добијат мајската пензија, пишува Centar.mk.
Сепак праксата покажува дека некои општествено одговорни банки пензијата ја исплаќаат порано, па така може да се очекува и овој пат, со оглед дека доаѓа продолжен викенд бидејќи петок е неработен ден за православните христијани, анализира Centar.mk.
Инаку изминатиот период пензиите беа зголемени во 4 наврати и тоа два пати по 2.500 денари и два пати линеарно по 1.000 денари, односно вкупно 7.000 денари за две години, пишува Centar.mk.
Следното покачување согласно законот веќе е планирано за септемвриската пензија, која ќе биде исплатена во октомври.
извор: Centar.mk.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
