Предности и поволности на новата Халки картичка за деца

Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.

Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.

Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
 Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
 Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
 Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
 Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
 Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
 Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
 Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година

Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.

Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.

Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.

Можеби ќе ве интересира...

Средби на Ангеловска-Бежоска со Бериган и Андреоли: Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување кон СЕПА

BiznisPRO

Wizz Air реализираше целосно женски летови во 10 земји за да го одбележи Меѓународниот ден на жената

BiznisPRO

Дилемата решена: “Мој ДДВ” засега останува на сила

BiznisPRO