• ноември 7, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација

Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици.

На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора и Николас Урибе претседател на Светската коморска федерација.
Дејствувањето на стопанските комори ќе биде во насока на градење на политики со пет приоритети на дејствување. Овозможување на функционирање на глобалната трговија е еден од приоритетите кон им е потребен на бизнисите. Акцент се става и на промовирање на пристап до правдата и владеење на правото, преку проширување на пристап до доверливо и непристрасно избегнување и решавање на спорови, подобрување на ефикасноста на арбитражатa и другите услуги за алтернативно решавање спорови. Како трет приоритет се акцентира исполнување на целите за глобална одржливост и климатска акција преку подобра хармонизација на националните политики. Приоритет треба да биде и обликување на дигитална економија преку олеснување на користењето на конзистентни интернационални стандарди и алатки, поставување на правна рамка за трговија со помалку документи, имплементација на инструменти за заштита од сајбер криминал. Петти приоритет на делувањето е зајакнување на мултилатералната соработка, преку обликување а ефикасен меѓународен одговор за големите економски предизвици.

На маргините на годишниот самит Ангелоски како единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион, оствари повеќе средби и состаноци со претставници на други комори, како и со Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора на кои се дискутираше за продлабочување и зајакнување на соработка.

Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој. Интернационалната стопанска комора е институционален претставник на повеќе од 45 милиони компании во над 100 земји со главна мисија да се направи бизнисот да функционира непречено за секој деловен субјект, насекаде во светот.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…