Превезени патници со автобуси, четврто тримесечје од 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен
превоз изнесува 11 166 илјади во четвртото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната
година е намален за 12.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
намален за 16.1 %, во приградскиот превоз е намален за 9.9 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2.9 %, а во
меѓународниот превоз е намален за 14.6 %.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички
километри во патниот патнички превоз е намален за 38.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките
километри во градскиот превоз е намален за 87.8 %, во приградскиот превоз е намален за 63.2 %, во меѓуградскиот
превоз е зголемен за 4.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Треба ли да се посети менувачница утре? – Курсна листа за 6-ти мај 2024

BiznisPRO

Лидл почна да се подготвува за изградба на првиот маркет во Скопје

BiznisPRO

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

BiznisPRO