Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 1.2 %

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во мај 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 3.2 %, Преработувачка индустрија за 1.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.8 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети, објави ДЗС.

Во мај 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 23.2%, во секторот Преработувачка индустрија за 5.1 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.7 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.4 %.

Можеби ќе ве интересира...

Просечната бруто плата во Македонија 61.806 денари

BiznisPRO

Колку чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 9-ти јули 2025

BiznisPRO

ИЕА: Растот на глобалната побарувачка на нафта ќе забави до 1,1 милиони барели дневно во 2024 година

BiznisPRO