ПРОГНОЗИИТЕ НЕ СЕ НАЈДОБРИ Оваа земја би можела да „испадне“ од првите 10 економии во светот

И додека економските показатели предвидуваат подем на Индија меѓу првите три економски сили во светот, такви прогнози за Франција не слушаме од ММФ.

Прогнозите на оваа финансиска институција со седиште во Вашингтон се дека учеството на оваа земја во глобалниот БДП кога е куповната моќ во прашање, од 2,2 отсто колку што е денес, ќе падне на 1,98 отсто. Бавниот економски раст ќе доведе до фактот дека за пет години Франција ќе биде надвор од десетте најголеми светски економии. Констатирано е и дека јавниот долг на оваа земја ќе надмине 115 отсто од бруто домашниот производ.

Како што пишува Нин, Европската комисија претходно навести потенцијални конфликти со фискалните правила на ЕУ во својот одговор на францускиот буџетски план за 2024 година, нагласувајќи дека сегашната перспектива претставува ризик од негативно прилагодување од страна на глобалните рејтинг агенции, наведувајќи дека првите пет економии кои придонесуваат за глобалната економија се Кина, која се предвидува да учествува со 19,48 отсто од светскиот БДП до 2029 година, САД 14,72 отсто, Индија 9,23 отсто, Јапонија 3,21 отсто и Индонезија 2,79 отсто. Меѓу првите десет се очекува да бидат Германија 2,77 отсто, Русија 2,71 отсто и Бразил 2,19 отсто.

Меѓу земјите кои бележат силен економски раст е Турција, за која ММФ во својата анализа предвидува дека ќе го заземе деветтото место, со учество во БДП од 2,09 отсто.

Прогнозата на ММФ за Франција не е толку изненадувачка, бидејќи претходно беше наведено дека француската економија годинава ќе порасне само за 0,9 отсто.

Што се менува во француската економија за да се слушнат ваквите прогнози. Како што пишува „Дејли телеграф“, францускиот претседател Емануел Макрон, во обид да ја заживее економијата на својата земја, се фокусирал на развојот на приватни компании кои се очекува да доведат до индустриска ренесанса. Сепак, реалноста покажа дека планот во пракса не вроди со плод.

Ако се суди според најавите, Франција не планира да го стегне ременот, бидејќи планот е повеќе да се троши за одбрана и за подобрување на наталитетот.

Според медицинското научно списание „The Lancet“, просечниот индекс на плодност во 2050 година на глобално ниво ќе биде околу 1,8 деца по жена, што е под прагот за обновување на популацијата. Истражувањето, спроведено од Global Burden of Disease (GBD) под раководство на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME), може да се спореди со проекциите на Обединетите нации од 2022 година, кои велат дека просечниот број на деца по жена во 2050 година ќе да биде околу 2,1 и 1,8 во 2100 година.

Можеби ќе ве интересира...

Овие занимања се најбарани во Германија

BiznisPRO

Колку чинат девизите денес? – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

BiznisPRO