Промени во цените на горивата: ЕУРОСУПЕР поскапува, ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува

Според последната одлука за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, од 05.05.2025 година, регистрирани се промени во цените на горивата.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Со оваа корекција, новите цени изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,50 ден/лит
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 ден/лит

Oд друга страна, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи намалување од 0,50 денари по литар, со што новата малопродажна цена изнесува 64,50 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и продолжува да се продава по цена од 65,00 ден/лит.

Новите малопродажни цени стапуваат на сила на полноќ и ќе важат до следната корекција, согласно пазарните услови и одлуките на Регулаторната комисија за енергетика.

Можеби ќе ве интересира...

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3 % во април 2026 во однос на април 2025 година

BiznisPRO

Во јули: Годишен раст од 7,3% на вкупните депозити и од 7,3% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Синдикатите бараат 500 евра минимална плата, но најверојатно таа ќе биде 24.500 денари

BiznisPRO