Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен e 61.569 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 113.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (19.5 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.3 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (10.2 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 61 569 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на прометот во секторот Трговија

BiznisPRO

2,8 милиони евра грант од ЕУ за заедничкиот железнички граничен премин помеѓу Северна Македонија и Србија

BiznisPRO

Со промоција на европски конзервирани праски во Северна Македонија, претставен квалитетот на агро-прехранбените производи со европско потекло

BiznisPRO