Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен е 43.587 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 109.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Рударство и вадење на камен (12.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.4 %), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7.0 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2024 година, изнесува 43 587 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Соработка на Народната банка со централната банка на Австрија за најдобрите практики во областа на управувањето со податоците

BiznisPRO

Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во виртуелни односно крипто-средства. Менувачниците задолжително да го применуваат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во целост

BiznisPRO

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун со реакција на владините одлуки за ограничување на маржите

BiznisPRO