Просечната нето плата достигна 42.134 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 108.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7.5 %), Образование (5.0 %) и Градежништво (3.1 %). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесува 42 134 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Шема со брзи кредити ја тресе Македонија: Обвинети шест лица, а уште 33 се пред судска постапка

BiznisPRO

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3 % во април 2026 во однос на април 2025 година

BiznisPRO

Се зголемува бројот на СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ во Хрватска: До крајот на април годинава одобрено вработување на повеќе од 70.000 лица

BiznisPRO