Просечната нето плата во февруари 39 276 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39 276 и во однос на февруари минатата година е повисока за 16,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 проценти), Административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (20,4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,1 процент), Рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата се искачија над 83 долари, проблеми поради нападите врз руските рафинерии

BiznisPRO

Биткоинот бележи рекордна вредност во исчекување на потврда за победата на Трамп

BiznisPRO

Го достигна максимумот: Цената на храната расте на светско ниво

BiznisPRO