Просечната плата во Македонија изнесува 45.796 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2025 година, изнесува 45 796 денари, информира Државниот Завод за Статистика.

Во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 11.0 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %.

Главни поенти
Нето-платата во мај 2025 година изнесува 45 796 денари

Во мај 2025 година во однос на мај 2024 година е повисока за 11.0 %

Бруто платата пак изнесува 68.859 денари, пренесува Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Со третитот повик на фондот за техничка документација ќе се изработуваат проекти од областа на животната средина

BiznisPRO

Од бесплатни услуги до премиум привилегии, сè во една банка

BiznisPRO

Еве кога ќе бидат исплатени февруарските пензии – Од април зголемување

BiznisPRO