фото Бизниспро

Просечната плата во Загреб е 1500 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за правни лица во Град Загреб за јули годинава изнесува 1.505 евра, што е номинално намалување од 0,3 отсто во однос на јуни, но зголемување од 15 отсто во однос на јули лани.

Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето-плата за правните лица за јули е исплатена во екстракција на сурова нафта и природен гас, во износ од 2.221 евро, пренесува Индекс.хр.

Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 875 евра.

Просечната нето плата за јули годинава била 1.302 евра, што значи дека половина од вработените во Загреб имале помалку и половина повеќе од таа сума.

Споредено со просечната месечна плата за јули на ниво на Хрватска, која изнесувала 1.315 евра, просечната загребска нето-плата исплатена за тој месец била за 190 евра поголема.

Просечната месечна бруто-плата по вработен за правни лица во градот Загреб за јули годинава изнесува 2.146 евра, што е намалување за 0,2 отсто во однос на јуни, но зголемување за 15,3 отсто во однос на јули 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост

BiznisPRO

Курсна листа за 25 декември 2024

BiznisPRO

Биткоинот на ново највисоко ниво на сите времиња, ја проби магичната линија

BiznisPRO