• декември 10, 2022
  • 4 ДВЕ МИНУТИ ЧИТАЊЕ

Проверувајте ги сметките: Почна исплатата на помошта, познато е кога ќе пристигнат парите за секоја категорија – Ова е листата на граѓани кои ќе примаат владина помош до три илјади денари месечно

Проверувајте ги сметките: Почна исплатата на помошта, познато е кога ќе пристигнат парите за секоја категорија – Ова е листата на граѓани кои ќе примаат владина помош до три илјади денари месечно

Од овој месец илјадници граѓаните ќе добијат помош за да се справат во кризата до 3.000 денари месечно во наредните 4 месеци.

Согласно законот опфатени се: корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед,самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош,корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Исплатата на паричната помош за пензионерите со пензии пониски од 14.000 денари го врши Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, и првата исплата од четирите исплати е извршена со пензијата за месец декември.

Пензионерите кои земаат пензија не поголема од 11.525 денари месечно, месечно добиваат по 1.500 денари месечно, за период од четири месеци., соопшти Министерката за труд  и социјална политика.

– Пензионерите со пензии од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно, добиваат помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци. Корисниците на надоместокот за телесно оштетување добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци, додаде Тренчевска..

Од понеделник МТСП ќе ја исплати паричната помош за : корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Овие граѓани ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, потенцираше министерката Тренчевска.

Исто така од МТСп информираат дека на 14 декември ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Овие лица ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

ЕВЕ ГИ СПИСОЦИТЕ СО ИМИЊА:

Корисници на посебен додаток  за секое дете посебно

Корисници на право на социјална сигурност на стари лица

Корисници на правото на надоместок заради попреченост

Надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед

Самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…