• ноември 1, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето: Стабилноста на финансискиот систем е поттик за раст на депозитите

Гувернерката Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето: Стабилноста на финансискиот систем е поттик за раст на депозитите

„Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст не е можно достигнување повисоки нивоа на доход. Впрочем, една од клучните причини за побавниот економски раст и забавената конвергенција во регионот во декадата пред пандемијата се токму помалите инвестиции, во услови на намалено домашно штедење и намален прилив на странски капитал“ – посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА), по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.

Таа се осврна и на најновите предизвици коишто имаат влијание врз вкупното штедење во економиите и неговата структура. „По декада од ниска инфлација и исклучително ниски каматни стапки, оваа година глобалниот амбиент ненадејно се промени. Инфлацијата значително забрза достигнувајќи историски високи нивоа, а одговорот на ова е синхронизираниот циклус на затегнување на монетарните политики. Ова во основа доведува до отежнат пристап и значително повисока цена на странските извори на финансирање, а за сметка на тоа го насочува вниманието кон домашните пазари, односно кон домашното штедење“, беше наведено во излагањето.

Во однос на трендовите на штедењето кај нас, гувернерката посочи дека пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19, енергетската криза и тековната војна во Украина се шокови коишто, меѓу другото, имаа неповолно влијание врз штедењето. Сепак, таа укажа дека и покрај продолжената криза, депозитите и годинава растат, што главно се должи на растот кај секторот домаќинствата. Воедно, беше истакнато дека во последниот период има знаци на зголемување на придонесот на денарските депозити и на долгорочните депозити кон растот на вкупните депозити на домаќинствата. Тоа покажува дека мерките преземени од страна на Народната банка за одржување на стабилноста, како и целните мерки за поддршка на денаризацијата имаат ефекти врз штедењето. „Придонес кон ваквите позитивни движења има и понудата на деловните банки на нови депозитни производи со попривлечни каматни стапки, како и одржаната финансиска стабилност, при што се увидува добра капитализираност на банкарскиот сектор, со традиционално добра ликвидносна позиција и намалено учество на нефункционалните кредити под претпандемичното ниво“, рече гувернерката.

Гувернерката во своето обраќање се осврна и на важноста на финансиската едукација, со која Народната банка се заложува за јакнење на финансиската писменост на населението во земјава, заради правилно разбирање на финансиските концепти во време на сè поголема дигитализација и нови финансиски услуги и веродостојно информирање при носењето на финансиските одлуки. За таа цел, се донесе и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто е темел за координирано дејствување на финансиските регулатори и останатите општествени чинители во доменот на подигнување на финансиската писменост на граѓаните, како фактор којшто придонесува за стабилноста на постојните, но и за поттикнување нови заштеди.

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, се обратија и министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, како и директорот на Фондот за осигурување на депозити, Амир Шабани.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…