Раст ќе има на светскиот пазар во автомобилската индустрија и годинава

Последните анализи на експертите покажуваат дека продажбата на автомобили во светот ќе порасне со стапка од 2,8 отсто, достигнувајќи 88,3 милиони автомобили во 2024 година.

Така велат од корпорацијата S&P Global, а во 2023 година, според нивните податоци, во светот се продадени близу 86 милиони возила, што претставува зголемување од 8,9 отсто во однос на 2022 година, објави Српската асоцијација на увозници на возила и делови.

Продажбата во Европа ќе надмине 15,1 милиони автомобили од 14,7 милиони возила во 2023 година, што би претставувало раст од 2,9 проценти. Во оваа прогноза треба да се истакне дека клучни параметри беа ризиците од рецесија на најважните пазари во ЕУ, каматните стапки, условите за кредитирање, силната динамика на побарувачката за електрични возила, тешкотиите во набавката на извори на енергија, како и претстојните ЕУ избори.

Клучниот предизвик, според аналитичарите на S&P Global во Европа, ќе биде способноста на земјите да го субвенционираат купувањето електрични возила.

Продажбата на автомобили на американскиот пазар би требало да расте за 2 отсто годишно и да достигне 15,9 милиони. Фактори кои ќе влијаат на американскиот пазар на возила се високите каматни стапки, не многу поволните кредитни услови и сепак високите цени на автомобилите. Најавите дека на пазарот на електрични возила ќе бидат понудени околу 100 модели на возила се сметаат за многу позитивен сигнал.

Најголемиот светски пазар, Кина, достигна бројка од 25,3 милиони продадени возила во 2023 година со раст од 4,9 отсто. Аналитичарите за Кина во 2024 година предвидуваат раст од 4,2 отсто и продажба на возила од 26,4 милиони единици. Она што е најинтересно е предвидувањето дека продажбата на електрични возила ќе порасне за дури 44 проценти, надминувајќи ја 2023 година кога тој раст беше 36 проценти.

Електрификуваните возила ќе продолжат да го освојуваат пазарот се повеќе и повеќе. Така, се предвидува дека продажбата на чисто електрични, plug-in хибриди и „класични“ хибриди ќе достигне 17,5 проценти на глобално ниво (годишен раст од 39,5 проценти).

Најголем пазарен удел на електрифицирани возила ќе има Кина, дури 26,8 отсто (годишен раст од 28 отсто). А во Европа, возилата што можат да користат електрична енергија за движење ќе добијат сè посладок дел од пазарната кола – 22 отсто од сите продадени автомобили и лесни комерцијални возила. Ова е раст од дури 41 процент на годишна основа.

Според овој параметар, рекордер ќе биде американскиот пазар, кој ќе има годишен раст на продажбата на овој тип возила од неверојатни 66,4 отсто, што е вкупно 13,2 отсто.

Дури и во најнаселената земја во светот, Индија, електрифицираните возила незапирливо го освојуваат пазарот. Прогнозата вели дека во 2024 година учеството на овој тип возила во вкупната продажба ќе достигне 4,1 отсто, што претставува респектабилен годишен раст од 39 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Луѓе кои знаат што прават: Колкава е ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ во Швајцарија?

BiznisPRO

Најголем пад на стандардот во Германија од Втората светска војна

BiznisPRO

Назначен е новиот гувернер на турската централна банка

BiznisPRO