Регулаторна утврди нови цени на дериватите

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 21.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,640%, кај дизелот за 1,750%, кај екстра лесното за 1,745% и кај мазутот намалувањето е за 4,114%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,112%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,478 ден/кг и сега ќе изнесува 43,046 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 23.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,046 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира...

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

BiznisPRO

Вицегувернерката Митреска за „Блумберг Адриа“: Меѓународните финансиски организации ја оценија монетарната политика како навремена и соодветна

BiznisPRO

Бесими: Задолжувањето од 600 милиони евра ќе биде според планираното во Буџетот за 2022

BiznisPRO