Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) вчера ја објави новата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која цените на бензините и дизелот се зголемуваат за 1,50 денари по литар.

Според новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми на 77,50 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) сега изнесува 71,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 71,00 денар за литар.

Со оваа одлука, РКЕ ја коригира цената на горивата во согласност со движењата на берзанските цени на нафтата и курсот на денарот во однос на американскиот долар во изминатиот период.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионерите ќе се офајдат со илјада денари покачување од септемвриската пензија која ќе ја добијат во октомври

BiznisPRO

Курсна листа за 14 декември 2024

BiznisPRO

Курсна листа за 25 февруари 2025

BiznisPRO