„Рено“ го прекинува производството во Русија

Францускиот производител на автомобили „Рено“ објави дека го прекинува производството во Русија поради нападот врз Украина, додавајќи дека ги разгледува опциите за удел во рускиот производител на автомобили „Автоваз“. „Рено“ е најмногу зависен од рускиот пазар меѓу западните производители на автомобили и беше под силен притисок поради континуираниот бизнис во Русија, дури и по руската инвазија на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски еднаш ја обвини француската компанија за финансирање на војната, велејќи дека таа мора, заедно со другите француски компании, да престане да финансира убиства на жени и деца. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, повика на глобален бојкот на „Рено“. Компанијата во соопштение во средата соопшти дека веќе спроведува мерки кои се неопходни за усогласување со санкциите против Русија. Во средата, тие, исто така, го прекинаа производството во фабрика во Москва, додавајќи дека ги разгледуваат опциите за удел во „Автоваз“, земајќи ја предвид сегашната средина и во исто време покажувајќи одговорност кон своите 45.000 работници во Русија.

Можеби ќе ве интересира...

Во Австрија отворена истрага – се проверува зошто не паднале цените на горивата

BiznisPRO

Австрија има нов план за својот огромен проблем

BiznisPRO

Вискито ќе помогне во производството на гориво

BiznisPRO