Австрија има нов план за својот огромен проблем

Австриската влада планира да потроши една милијарда евра за зајакнување на забавениот сектор за домување, објавија канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Коглер.

Парите на австриските даночни обврзници треба да се инвестираат во изградба на десет илјади станови во сопственост и исто толку станови за изнајмување, како и во реновирање на пет илјади постоечки станови, велат тие.

Покрај тоа, владејачката коалиција на Нојхамеровата конзервативна Австриска народна партија (ÖVP) и Зелените на Коглер се обидуваат да обезбедат пари за станбени кредити со ниски камати за австриските сојузни држави.

Во меѓувреме, давачките што доаѓаат со купување на куќа, на пример за упис во земјишниот регистар, се укинуваат за првиот имот до вредност од 500.000 евра.

Мерките ќе се применуваат во наредните две и пол до три години.

Според податоците на австрискиот институт за економски истражувања (Вифо), инвестициите во градежништвото паднале на годишна основа во третиот квартал од 2023 година за 5,2 отсто. Станбената изградба била особено слаба, објави институтот во вторникот.

Можеби ќе ве интересира...

„Фолксваген“ го запира производството во Русија и го прекина извозот

BiznisPRO

Lenovo со најслаби резултати од октомври 2021 година

BiznisPRO

Кратења во сите сектори: Мајкрософт отпушти илјада луѓе

BiznisPRO