Германската инфлација е најниска од јуни 2021 година

Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Германија паднала од 2,9 отсто во јануари на 2,5 отсто во февруари, објави денеска Дестатис.

Според оваа проценка, инфлацијата во Германија сега е најниска од јуни 2021 година.

Цените на храната во февруари пораснале за 0,9 отсто на годишно ниво во однос на јануарските 3,8 отсто, додека февруарските цени на енергијата паднале за 2,4 отсто на годишно ниво.

Инфлацијата во услужниот сектор е непроменета во однос на јануари и изнесува 3,4 отсто.

Годишната базна стапка на инфлација во Германија е 3,4 отсто, исто како и во јануари, што значи дека се уште е на најниско ниво од јули 2022 година.

На месечно ниво, цените во февруари пораснале за 0,4 отсто. Конечните податоци за февруарската инфлација во Германија ќе бидат објавени на 12 март, заклучува Дестатис.

Можеби ќе ве интересира...

Јапонија забранува извоз на луксузни стоки и не сака да плаќа во рубли

BiznisPRO

Браната Конско е целосно изградена: Најголемиот водостопански проект изграден во државава последниве 20 години

BiznisPRO

Цените на нафтата паѓаат

BiznisPRO