РКЕ СО ОДЛУКА: Нови цени нa горивата!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13% во однос на одлуката од 11.3.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,891%, кај дизелот за 0,594%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,566% и кај мазутот зголемувањето е за 0,314%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со
претходната пресметка е понизок за 0,817%
Од 19.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,797 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека
малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Поскапија горивата во Македонија

BiznisPRO

Масовно повлекување на биткоини од берзата

BiznisPRO

„Тиквеш“ заслужено доби повисок статус во групата водечки светски винарници за борба против климатските промени

BiznisPRO