САД повторно ја надмина Кина

Повеќе од 5,5 милиони Американци имаат имот од повеќе од еден милион долари, што е зголемување за 62 отсто во изминатата деценија, а според тој број, САД повторно ја престигнаа Кина, покажуваат денешните податоци на американските консултантски компании.

Според истражувањето на компаниите „Henley & Partners“ и „New World Wealth“, зголемувањето на бројот на американските богаташи е значително повисоко од светската стапка на раст од 38 отсто, објави CNBC.

Медиумите пренесуваат дека во последните пет години популацијата на милионери во САД пораснала за 35 отсто, речиси двојно побрзо од Кина, па 37 отсто од светските милионери сега живеат во Америка.

Во САД има 9.850 луѓе кои вредат најмалку 100 милиони долари, во споредба со 2.352 во Кина, а 788 Американци се милијардери наспроти 305 Кинези.

Еден од шефовите на компанијата „Хенли и партнерс“ Доминик Волеку изјави дека строгата блокада поради Ковид во Кина и зголемените владини интервенции во приватниот сектор го забавиле растот на создавањето богатство во таа земја.

Можеби ќе ве интересира...

„Сакате иста пензија како мажите – работете уште 19 години“

BiznisPRO

Рампа на руски бакар и алуминиум

BiznisPRO

НАМАЛЕНА ПРОДАЖБА: Автомобилите на Tesla во Кина паднаа за 10,9 отсто на годишно ниво

BiznisPRO