• ноември 27, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

Ненси Фезер, Германската министерка за внатрешни работи претстави делови од предлог-законот со кој треба да се олесни добивањето на германско државјанство и според кој наместо досегашните осум, државјанство може да се бара по пет или три години легален престој во оваа доста посакувана земја за работа на народот од Балканот.

„Наместо сегашните осум години, државјанството ќе се стекнува по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција, дури и по три години“, рече министерката Ненси Фезер во интервју за неколку германски медиуми. Фезер доаѓа од партијата СДП.

Под многу успешна интеграција, Фезер подразбира брзо учење на германскиот јазик и добра интеграција во работата или образовниот систем на земјата. „Предлог-законот е готов и е испратен на проверка до надлежните министерства“, соопштуваат од МВР.

Според соопштението за јавносто се вели дека деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција. Социјалдемократско-зелено-либералната влада во својот коалициски договор предвиде реформа на законот за стекнување државјанство. Според овој нацрт, децата родени во Германија автоматски би стекнале право на државјанство доколку еден од родителите легално престојувал во Германија најмалку пет години.

За лицата над 67 години ќе се спуштат јазичните критериуми како услов за стекнување државјанство во иднина и ќе биде доволно барателот да може „вербално да комуницира“. „Со полесна процедура за стекнување државјанство сакаме да се запознаеме со генерацијата гастарбајтери кои дадоа значаен придонес во развојот на оваа земја“, рече Фезер.

Таа најави и дека треба лесно да се стекне двојно државјанство, што во моментов е забрането во Германија, со некои исклучоци. „За интеграција, познавањето на јазикот, образованието и признавањето на демократскиот поредок се многу поважни од прашањето дали апликантот има друго државјанство“, рече Фезер.

Неможноста да се задржи старото државјанство при добивањето на германското се смета за најголема пречка за зголемениот упис на странците, кои подолго време живеат во Германија, во регистарот на германски државјани. Граѓаните на Европската унија можат да го задржат старото државјанство и по добивањето германски пасош.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…