Се намалува бројот на работни часови

Европејците сакаат се помалку да работат, а некои од најбогатите земји во Европската унија се обидуваат да ги мотивираат.

Земјите како Германија, Холандија или Австрија ги мотивираат своите работници со даночни олеснувања, подобра грижа за децата или пофлексибилно работно време, пишува Дојче веле (DW).

Се намалува просечниот број на работни часови во Европа, се зголемува бројот на оние кои работат со скратено работно време, а синдикатите во многу земји бараат укинување на работната недела од 38,5 часа.

Вработените во Европа сакаат да работат само за да заработат за живот и да го посветат остатокот од своето време на работи кои им се навистина важни.

Во Европа работат рекорден број луѓе, вработеноста е речиси 75 проценти, но бројот на работни часови не е значително зголемен, бидејќи се зголемува бројот на работници кои не работат со полно работно време.

Во Германија, Холандија и Австрија околу една третина од вработените не работат со полно работно време, а конкретно во Холандија речиси 50 отсто од вработените работат 35 часа неделно или помалку.

Работата со скратено работно време може да предизвика проблеми во областите кои веќе немаат доволно кадар, а недостигот на кадар ќе биде уште поголем кога генерацијата „бејби бум“, родена меѓу 1946 и 1964 година, ќе се пензионира, наведува ДВ.

Можеби ќе ве интересира...

Рускиот енергетски гигант Газпром планира да го намали обемот на својата инвестициска програма за 2023 година за 14 отсто

BiznisPRO

Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал од 2024 година

BiznisPRO

Денеска нови цени на горивата

BiznisPRO