Рускиот енергетски гигант Газпром планира да го намали обемот на својата инвестициска програма за 2023 година за 14 отсто

Рускиот енергетски гигант Газпром планира да го намали обемот на својата инвестициска програма за 2023 година за 14 отсто.

Ќе го намали обемот на својата инвестициска програма за 334,34 милијарди рубљи на 1,97 трилиони рубљи.

Гаспром е принуден да штеди поради пониските цени на гасот на преостанатите пазари на компанијата во Европа и помалиот обем на извоз, пренесува Комерсант.

Секој декември оваа компанија ја одобрува инвестициската програма за следната година и ја прилагодува наесен – по правило во насока на зголемување на трошоците, па ваквото намалување е ретко.

„Газпром“ го поврзува сегашното намалување на инвестициите со промените во макроекономските показатели и условите на пазарот.

Надолната ревизија на инвестициите последен пат е забележана во 2020 година поради пандемијата на корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот падна под 40.000 евра

BiznisPRO

Добра вест: Денеска ќе легнат пензии и помошта за пензионерите

BiznisPRO

Со новиот пакет мерки пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните 5 месеци

BiznisPRO