СЕ ОДРЖА ПРВАТА РЕГИОНАЛНA КОНФЕРЕНЦИЈА ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА BECUTAN „РОДИТЕЛСТВОТО НЕКОГАШ И ДЕНЕС“

Експертите и јавните лица се едногласни во однос на ставовите дека родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси.

Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Becutan, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот.

Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Becutan со особено задоволство го организираше овој несекојдневен настан, во чиј фокус не беше негата, туку грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето.

Конференцијата беше посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите денес, а за кои средината, под влијание на социјалните медиуми, сѐ почесто креира илузија на совршена слика. Дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа има граници? Како се менувал пристапот во родителството низ децениите? Дали воопшто постојат точни одговори за многуте родителски дилеми? Ова беа само дел од темите за кои без задршка дискутираа јавни лица и експерти од повеќе сфери поврзани со детскиот развој од Македонија и од регионот.

ПАНЕЛ 1: „Дали мама или баба знае подобро?“

Бебето не доаѓа на свет со упатство за употреба – родителите го имаат првиот потег!

Докторите, здравствените професионаци, експертите за ран детски развој и психолозите се едногласни дека родителството денес се перципира многу покомплексно одошто порано.

Д-р Амра Јузуновиќ-Каљиќ, спец. педијатар, подвлекува дека мора да постои НЗС низ паралелата на семејните улоги некогаш и денес. „Она што сите нè поврзува е љубовта спрема децата. Иако можеби имаат различни методи, мама и тато, како и баба и дедо имаат една иста цел – најдоброто за своите деца и внуци.“

Учесници на панелот (од лево кон десно): д-р Натко Бек, специјалист педијатар и водител на емисијата на HTV „Dr. Beck“ (Хрватска); прим. д-р Марина Поп-Лазарова, специјалист неонатолог (Македонија); д-р Ивана Бралиќ, специјалист педијатар (Хрватска); д-р Горан Вукомановиќ, специјалист педијатар (Србија); д-р Амра Јузуновиќ-Каљиќ, специјалист педијатар (Босна и Херцеговина)

прим. д-р Марина Поп-Лазарова, специјалист неонатолог, во својата дискусија ја потенцираше суштинската улога на фактот дека секое дете е различно, па оттука
генерализациите за совршено родителство најчесто се само извор на дополнителен стрес и притисок врз самите родители.

Д-р Ивана Бралиќ, специјалист педијатар, ја потенцираше важноста на индивидуалниот пристап во процесот на растење дете, без притисок од императивот на денешното
родителство „да се биде модерен“.

ПАНЕЛ 2: И ЉУБОВ И ГРАНИЦИ

Во воспитувањето по мерка само љубовта треба да биде неизмерна!

Постои ли баланс меѓу емоциите и поставувањето граници во процесот на воспитување? Колку често родителите се преиспитуваат дали постапиле правилно? Дали родителите се најдобрата верзија на себе пред своите деца и дали идеализирањето на улогата на мајката го зголемува притисокот за тежнеење кон совршено родителство?. Ова беа некои од темите на кои дискутираа мајките и експертите изнесувајќи ги своите ставови околу вечните родителски дилеми.

„Не сметам дека поставувањето граници, па и наменското казнување во воспитниот процес значат емоционално дистанцирање од децата. Напротив, граници мора да постојат, но тоа бара комплетно индивидуален пристап. Секое време си носи свои предизвици. Ако за мене најголема казна во детството била дека не смеам да играм надвор, за моите деца тоа не би имало никаков ефект“, истакна водителката Сања Кужет.

Јелена Холцер, педагог и основач на „Училиште за родители“, истакна:

„Нашите баби и дедовци и нашите родители биле многу поедноставни во процесот на пренесување вредности кон децата. Во тој поглед, тие имаат блага предност во таа родителска улога, во однос на нас. Нашите деца денес, како резултат на огромната достапност на информации (интернет), можат сами да дојдат до одговори на одредени прашања. Или ако од вас го добијат одговорот кој не им е по мерка, посегнуваат кон друг, сопствен извор на информации.“

Д-р Бек пак нагласи: „Во процесот на воспитување ние сме граница. Нашиот пример е она кое им покажува на децата до каде можат да одат“.

Учесници на панелот (од лево кон десно): Мирна Медаковиќ-Степинац, хрватска актерка и амбасадор на УНИЦЕФ (модератор на панелот); Ружица Максимовска, уредник на магазинот „Портрет“ (Македонија); д-р Натко Бек, специјалист педијатар и водител на емисијата на ХТВ „д-р Бек“(Хрватска); Лејла Филиповиќ, водителка и модел (Хрватска); Сања Кужет, водителка (Србија), и Јелена Холцер, педагог и автор на програмата „Училиште за родители“ (Србија).

ПАНЕЛ 3: ТАТО Е ХЕРОЈ

Татковството не е должност туку љубов!

Завршниот панел на Првата регионална БЕКУТАН конференција, кој беше посветен на татковците и на нивната посебна улога во текот на растењето и развојот на децата, даде искрени одговори на прашањата за емотивната трансформација во осознавањето на татковската улога, но и цврсти ставови за општо прифатената валоризација на главната улога на мајката.

Учесници на панелот (од лево кон десно): Жарко Димитриоски, водител и модератор на панелот (Македонија); Сашко Коцев, актер (Македонија); Петар Бенчина, актер (Србија); Тарик Филиповиќ, актер и водител (Хрватска)

„Прашањето од типот дали таткото помага е сосема погрешен наратив. Банално е поистоветувањето на грижата за сопственото дете со некаква помош за сопругата. Татковската улога е сосема комплементарна во едно семејно секојдневие“, истакна актерот Петар Бенчина.

Согласни дека цврстата врска меѓу таткото и детето започнува од првиот ден на раѓањето, панелистите низ сопствените искуства говореа за татковската улога во емоционалниот детски развој.

„Во моментот кога станав татко сфатив дека животот се сведува на периодот ‘пред’ и ‘потоа’. Тогаш сфатив и дека ми недостасувале вистински грижи во животот“, истакна актерот и водител Тарик Филиповиќ.

Актерот Сашко Коцев беше дециден дека клучот за здрав родителски пристап е непосредноста во семејните, односно партнерските односи кога е во прашање поделбата на обврските:

„Родителството не е ексел-табела. Спонтаната организација во зависност од обврските на двајцата родители, веројатно, е некаква тајна на успехот. Природно е да ја преземам грижата околу детето кога сопругата има дежурство на работа; исто и таа кога јас сум на снимање. Не требаат потпис и печат за успешно родителство. Напротив!“ изјави Коцев.

Жарко Димитриоски, кој беше и модератор на татковскиот Becutan-панел, низ
сопственото искуство на тазе татко, потенцираше дека татковската улога е клучна,
особено во првите денови по раѓањето на бебето, кога воедно и се формираат навиките за здраво родителство.

Можеби ќе ве интересира...

Донација за домот за деца без родители „11 Октомври“: Радост и нови можности од средствата собрани на годинешната Детска трка на Виталиа

BiznisPRO

Од Generali Investments до НЛБ Фондови Скопје: Почеток на нова приказна и неограничени инвестициски можности

BiznisPRO

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

BiznisPRO