Се огласија од КАМ маркети: Еве зошто од утрово вратите им се затворени

Од утрово голем број од КАМ маркетите се со жолти ленти на вратите и не работат. Во јавноста се претпоставуваше дека УЈП врши контрола, но сега се огласија од КАМ и објаснија што се случува.

„Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности.

Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење“ – велат од КАМ маркети.

Можеби ќе ве интересира...

Од пазарот се повлекува небезбедна серија млеко

BiznisPRO

Во октомври издадени дозволи за изградба на над 2.000 нови станови

BiznisPRO

„Брако“ стартува со нова производствена програма, 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија

BiznisPRO