- декември 14, 2021
- 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ
Во октомври издадени дозволи за изградба на над 2.000 нови станови

Издадени одобренија за градење, октомври 2021 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година се издадени 509 одобренија за градење, што е за 88.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 719 076 илјади денари, што е за 155.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 321 (63.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 57 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 131 (25.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 509 објекти, на 299 (58.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 210 (41.3 %) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 2.311 станови, со вкупна корисна површина од 164 243 квадратни метри.