• март 5, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Хеленик Петролеум ја заврши 2021 година со подобрени оперативни резултати и успешна имплементација на новата стратегија „Визија 2025“

Хеленик Петролеум ја заврши 2021 година со подобрени оперативни резултати и успешна имплементација на новата стратегија „Визија 2025“

Преку „Визија 2025“ Хеленик Петролеум прави стратешки исчекор кон одржлив раст и еколошка енергија

———-

Хеленик Петролеум ја заокружи 2021 година со подобрени оперативни и финансиски резултати, успешно корпоративно преструктуирање и непречено спроведување на новиот стратешки план за трансформација и одржлив раст на Групацијата наречен „Визија 2025“. Оваа стратешка инцијатива, предвидува дефинирање на јасни еколошки цели, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во Групацијата, како и усогласување на корпоративната структура и деловната стратегија со трансформацијата.

Во врска со достигнувањата на компанијата во текот на минатата година, Андреас Сиамисис, главен извршен директор на Групацијата, изјави: „2021 година беше пресвртница за Хеленик Петролеум, бидејќи забележавме значаен напредок во областите што ја редефинираа нашата стратегија и нашата трансформација кон поеколошка енергетска Групација. Преку спроведување на сеопфатниот план „Визија 2025“, го унапредивме начинот на корпоративно управување, успешно го завршивме  корпоративното преструктуирање, и ставивме стратешки акцент кон развојот на зелена енергија, одлука што едногласно беше прифатена од страна на пазарот, акционерите, сопствениците на обврзници, доверителите и од раководната структура. Групацијата ќе продолжи да игра водечка улога на енергетскиот пазар, со цел да го подобриме нашето влијание врз животната средина за 50% до 2030 година, како и постепено да преминеме кон поеколошки извори на енергија и горива. Во овој контекст, со вкупно капитални инвестиции од 400 милиони евра во 2021 година, од кои 60% се однесуваат на развој на енергија од обновливи извори. Во однос на финансиските резултати, подобрувањето на нашите оперативни резултати, со зголемено производство и извоз во меѓународно опкружување полно со предизвици, е резултат на континуираните напори за подобрување на нашата конкурентност. Посебен акцент е ставен на дигиталната трансформација, која се спроведува во рамки на долгорочен амбициозен план, фокусиран на организациска флексибилност и раст на меѓународното тргување.”

Значајни инвестиции во обновливи извори на енергија бележи и компанијата ОКТА, која во 2021 година, започна со имплементација на инвестициски план наменет за изградба на фотоволтаична централа во рамки на инсталацијата во Миладиновци. Со капацитет од 12 MW, централата е предвидено да произведува околу 17.000 MWh зелена енергија на годишно ниво. Во енергетското портфолиото на ОКТА  влегуваат и пет фотоволтаични централи со вкупен капацитет од 440 kW, инсталирани на повеќе различни капацитети ширум земјава, со годишно производство од околу 550 MWh зелена енергија.

ОКТА – општествено одговорна компанија, главен снабдувач на пазарот со гориво  

Компанијата успешно се справи со предизвиците со кои се соочи во услови на несигурно пазарно опкружување во втората година од здравствената криза, континуирано одржувајќи строги здравствени и безбедносни стандарди. ОКТА продолжи со поддршката за здравствениот систем во државата во справувањето со пандемијата со КОВИД-19, со донации за брзо откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот. Во текот на изминатата година, ОКТА донираше три нови инклузивни игралишта во рамки на проектот “Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, чија цел е да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. За нивното партнерство во проектот, ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ ја добија Наградата за филантропија за 2021 година.

ОКТА како главен снабдувач на гориво во земјата, како за време на пандемијата, така и во услови на глобалната енергетска криза предизвикана од настаните во Украина,  продолжува со континуирана оперативност, со цел да  обезбеди стабилно и сигурно снабдување на домашниот пазар.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…