ФЛАЈ ДУБАИ /Аеродром во Дубаи / фото Бизниспро

Се отвораат нови дестинации: Ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион…

Од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус.

Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избарни се согласно јавниот повик за финансиска подршка за нови дестинаци.

На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер.

Согласно јавниот повик финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.

Како што соопштија надлежните од 30 март 2025 година авио превозникот Флај Дубаи ја отвора линијата Скопје – Дубаи- Скопје, додека 30 јуни 2025 година два пати неделно ќе се лета Скопје – Барсeлона – Скопје со што се отвора Шпанија како дестинација. Од 30 јуни, два пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација. Од следната година три пати неделно ќе се лета Скопје – Штутгарт – Скопје со што се отвора западниот дел на Греманија.

Во однос на охридскиот аеродром, два пати неделно ќе се лета Охрид – Базел Милхаус – Охрид и Туркиш ерлајнс редовно ќе лета од 30 март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид.

Можеби ќе ве интересира...

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија – поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

BiznisPRO

Нема спас за нив, загубите се зголемуваат: Отпуштаат уште 17.000 работници

BiznisPRO

ЕУ оствари суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со САД

BiznisPRO