Се помалку домашно производство на млеко и месо

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238 328 илјади литри, што е за 26.5% помалку во однос на 2022 година.

Намалување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 20.5 % во 2023 година во однос на претходната година.

Производството на козјо млеко е зголемено за 3.3 % споредено со претходната година.

Вкупното производство на месо е намалено за 7.4 %.

Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна.

Можеби ќе ве интересира...

Исплатени 169.222.200 денари на 5.566 пчелари по мерката Директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства

BiznisPRO

Најуспешната конференција “Чувари на мудроста” за професионален развој и мотивација на малдите луѓе годинава во ново, освежено издание

BiznisPRO

За 20 отсто помалку издадени одобренија за градба, вредноста на пазарот за објекти се стопил за 31.3% во август во однос на истиот месец минатата година

BiznisPRO