Се повеќе музичари во Србија: Индустријата оствари промет од 168 милиони евра

Во 2023 година музичката индустрија оствари промет од 168 милиони евра, што е за 89 отсто повеќе од пред пет години.

Ова го покажува истражувањето на Економскиот факултет во Белград, соопшти Владата на Србија.

Станува збор за истражувањето „Анализа на економските ефекти на музичката индустрија врз економијата на Србија“, кое, инаку, е прво досега истражување за оваа гранка на креативните индустрии.

Музичката индустрија во Србија има речиси 20.000 вработени со полно работно време во 29 различни индустрии.

Истражувањето, кое е нарачано од националната платформа на српската влада „Србија создава“, покажува дека во последните пет години, учеството на бруто додадената вредност (БДВ) на секторот е зголемено за неверојатни 202 отсто (од 0,05 на 0,11 отсто ), додека во однос на претходната година е остварен пораст на ДДВ од 38 отсто, се наведува во соопштението.

Во текот на претходната година, платените даноци и придонеси се зголемени за цели 84 отсто во однос на 2018 година и изнесуваат повеќе од 6,5 милиони евра.

Кога станува збор за бројот на вработени (постојано вработени 19.561), евидентен е раст од дури 33 отсто во однос на 2022 година, додека бројот на деловните субјекти е 5.838, од кои претприемачите сочинуваат 84 отсто.

Посебно е интересно што луѓето на возраст од 30 до 49 години сочинуваат повеќе од половина од секторот (дури 55 отсто), а има многу парен број на мажи (49 отсто) и жени (51 отсто).

Можеби ќе ве интересира...

Како да заштедите сериозни пари за струја претстојната зима?

BiznisPRO

Народната банка ја информира јавноста за одржувањето на 51. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO

Зајакна вредноста на доларот: Еве која е причината за ваквиот тренд

BiznisPRO