Се стопи добивката на Макпетрол за 41 отсто

Во периодот од 01.01 до 31.03.2023 година Макпетрол АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 126,58 милиони денари, наспроти остварената во истиот период минатата година која изнесуваше 214,95 милиони денари.

Намалувањето на добивката по оданочување од 88,37 милиони денари или 41,11% е резултат на нестабилноста на цените на нафтата на светските берзи, како и на намалената вкупна продажба на енергенси од 4,88%. Дополнително врз падот на добивката значајно влијае и покачувањето на платите на вработените со цел надминување на економската криза и подобрување на животниот стандард на вработените, се вели во образложението на компанијата.

Можеби ќе ве интересира...

Се потешка состојба: Цените на струјата растат во Европската Унија

BiznisPRO

Двете изборни среди во април и мај ќе бидат неработни денови – Еве ја целата листа на празници во 2024 година

BiznisPRO

За претседател на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, е назначен Климе Попоски

BiznisPRO