Се уриваат рекорди: За две години цените на становите скокнаа за повеќе од 40 отсто

Цените на становите во Црна Гора за две години скокнаа за повеќе од 40 отсто, а во Подгорица продолжуваат да растат, достигнувајќи рекордни вредности во третиот квартал од оваа година, покажуваат податоците на Заводот за статистика (Монстат).

Сегашната просечна цена на еднособен стан во Подгорица е 1.720 евра за метар квадратен, додека во истиот период лани била 1.360 евра, а во 2021 година 1.200 евра.

Тоа претставува раст од повеќе од 40 проценти во период од само две години.

Во Подгорица, на подрачјето на Градскиот кварт и неговата околина, просечната цена на еднособните станови е 2.150 евра за метар квадратен, додека во центарот потребно е да се издвојат 1.950 евра, а во делот Преко Морача, 1.900 евра.

Во регионот Тушки пута просекот е 1.800 евра, додека на Стариот аеродром е 1.600 евра, а во Забјело 1.550 евра.

Податоците на Монстат покажуваат дека просечната цена на метар квадратен на новоизграден стан во Црна Гора во вториот квартал од годинава изнесувала 1.500 евра, девет отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Во набљудуваниот период просечната цена на стан во нова зграда во Подгорица скокнала за 13,5 отсто на 1.581 евро.

Просечната цена на метар квадратен на новоизграден стан во крајбрежниот регион на крајот на јуни била 1.413 евра, во централниот 714, а во северниот 1.280 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Бизнис про

Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

Бизнис про

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Бизнис про