Северна Македонија првата земја што ќе го добие предфинансирањето според Планот за раст

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Во тек е предфинансирањето во износ од 52,2 милиони евра и е наменето за поддршка на спроведувањето на Реформската агенда и обврските што Северна Македонија ги презеде со неа.

Со ова предфинансирање, Северна Македонија ќе добие 24,5 милиони евра за државниот буџет како поддршка за спроведување на реформите предвидени со Реформската агенда, додека 28 милиони евра ќе бидат инјектирани директно во WBIF (Инвестициска рамка за Западен Балкан) и ќе се користат за инфраструктурни проекти во Северна Македонија.

Потребните структурни промени во Северна Македонија ќе бидат поддржани со вкупно 750,4 милиони евра од Фондот за реформи и раст за Западен Балкан во периодот 2024 – 2027 година, со фокус на приоритетите во јавната администрација, владеење на правото и антикорупција, декарбонизација и дигитализација, поврзување и развој на човечкиот капитал.

Можеби ќе ве интересира...

Еве кога ќе бидат исплатени февруарските пензии – Од април зголемување

BiznisPRO

Еве ги сите неработни денови за следната година

BiznisPRO

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОРМ: Продуктивноста на македонските компании е загрижувачки ниска, време е за решителни и суштински реформи

BiznisPRO