Словенија годинава има задолжителен божиќен бонус за вработените, со минимален износ од 740,94 евра за лицата кои работеле со полно работно време во текот на целата година. Висината на зимскиот бонус е поврзана со минималната бруто-плата, која во 2026 година изнесува 1.481,88 евра.
Вработените кои биле ангажирани само дел од годината или со скратено работно време имаат право на пропорционален износ. Работодавачите се должни бонусот да го исплатат најдоцна до 18 декември.
Мерката го прави празничниот додаток законска обврска, наместо доброволна исплата што зависи исклучиво од политиката на компанијата.
