• мај 16, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Скопје доби регионален Центар за извонредност на стручно образование и зелени иновации

Скопје доби регионален Центар за извонредност на стручно образование и зелени иновации

На Машинскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се отвори нов  Центар за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации, кој е единствен од ваков вид во регионот. Овој центар се воспостави и функционира во тесна соработка со уште три центри од ист вид кои се наоѓаат во Австрија, Финска и во Португалија. Четирите центри се основани во изминатите четири месеци во рамките на Проектот ,,Европска платформа за извонредност за зелени иновации и стручно образование и обука – GREENOVET”.

Со одлука на Машинскиот факултет потпишана на 30.12.2021, се уредува организација на Центарот за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации, со чии активности ќе раководи доц. д-р Трајче Велковски.

,,Ни претставува чест  и задоволство да ја информираме јавноста дека се отворени сите четири центри предвидени со проектот, во Скопје, во Штаерска – Австрија, Васа – Финска и во Лерија – Португалија. Центрите се интегрираат преку интернационална платформа каде ќе соработуваат и ќе имаат можност за размена на искуства и знаења. Во тек е формирање на интернационален комитет со експерти од областа на зелени иновации од секој регион, чија цел е да ја зајакне меѓународната соработка и да придонесе кон обезбедување одржливост на центрите“, изјави доц д-р Велковски, кој за во јуни ја најавува и правата меѓународна активност на Центарот во Скопје.

„Партнерските организации од другите четири земји доаѓаат во Скопје на првата работилница за градење на капацитетите на центрите. Оваа работилница ќе трае пет дена и ќе биде организирана во просториите на Машинскиот факултет каде се очекува покрај размената на искуствата помеѓу партнерите да бидат присутни и светски експерти од областа на развој на зелени иновации кои ќе ги споделат своите искуства и знаења. Градењето на капацитетите на партнерските организации вклучени во реализацијата на проектот е еден од клучните фактури за успех на Центарот на долгорочно ниво и претставува значаен чекор кон поставувањето на модел за самоодржливост на истиот”, објасни доц. д-р Велковски.

Покрај Машинскиот факултет во активностите за основање на Центарот за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации  како проектни партнери се вклучени Сојузот на стопански комори на Македонија,  АСУЦ „Боро Петрушевски, Раде Кончар ТЕП и Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење.

Центарот има за цел да овозможи соодветно управување со знаењето, ресурсите и инфраструктурата на сите засегнати страни и да придонесува за регионален економски раст преку промоција на еколошки и одржливи иновативни процеси овозможени со стручно образование и обука. Центарот преку своето делување обезбедува на наставниците, учениците, компаниите и на општеството подобри можности за адаптација и имплементација на зелена транзиција, како и подобра врска меѓу индустријата и образовните институции со цел да се надомести недостигот на компетенции за развој на зелени иновации.

Центрите за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации претставуваат можност за надминување на недостигот на стручен и квалификуван кадар за развој на зелени иновации, кој е голем предизвик со кој се соочува бизнис секторот, не само кај нас туку и пошироко во Европа. Со ваквата поддршка бизнисите се насочуваат кон зелена транзиција, способни да одговорат на брзо растечките потреби кои динамично се менуваат и прошируваат. Преку соработката што ќе ја овозможи Центарот меѓу бизнис заедницата и чинителите во стручното образование и обука ќе се придонесе кон зголемување на атрактивноста на стручните училишта и привлекување на поголем број на ученици.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…