Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците го изгласаа законското решение недела да биде ден за неделен одмор.
„Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците“, порача министерката Шахпаска.
Ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...