Следува „меко слетување“: каматните стапки ќе паднат

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгијева изјави дека очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година.

Георгиева ова го соопшти денеска на Светскиот самит на влади во Дубаи.

Очекувам дека каматните стапки од средината на годината ќе тргнат по истиот пат како и инфлацијата, која опаѓа изминатава година, рече Георгиева.

Според Георгиева, ММФ е убеден дека светската економија ќе доживее таканаречено „меко приземјување“, додавајќи дека тоа е „сценарио за кое сонувавме“.

Терминот „меко слетување“ се однесува на умерен или благ пад на економската активност.

Директорката на ММФ претходно најави дека е уверена во добрите економски перспективи и издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите поради војните и сложената геополитичка ситуација.

Можеби ќе ве интересира...

Заштедени милиони: Како авиокомпаниите го намалуваат времето на летот

BiznisPRO

Се зголемува бројот на банкроти во Германија: Дури 22 отсто повеќе банкроти отколку во истиот месец лани

BiznisPRO

Германскиот гигант бара 3.200 луѓе: Плати до 58.000 евра годишно

BiznisPRO