СЛЕДУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА: Премиерот соопшти за отприлика колку ќе бидат поскапени бензинот и дизелот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци соопшти свои очекувања за зголемување на цените на горивата од утре.

– Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, рече Мцикоски.

Инаку Регулаторната комисија за енергетика се очекува да ги објави новите цени утре напладне, а истите да важат од задутре.

Во моментов на светските берзи нафтата од типот брент се продава за околу 72 долари за барел, додека вти круд за околу 69 долари за барел.

Исто така ова се моменталните цени на горивата во Македонија:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 84.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 86.5 ден/л
ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 79.5 ден/л

Можеби ќе ве интересира...

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

BiznisPRO

Доделени наградите по повод Конкурсот за Денот на штедењето

BiznisPRO

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

BiznisPRO