Слободни работни места, прво тримесечје 2025 година

Во првото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата Елементарни занимања.

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број, 2162, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања.

Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.78 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.29 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.38 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.65 %, извести ДЗС.

Можеби ќе ве интересира...

За една година пијалоците и храната по ресторани и кафулиња поскапеле за 5.8 отсто

BiznisPRO

Во првото тримесечје од 2026 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.

BiznisPRO

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

BiznisPRO