Со Авто-осигурувањето се заштитувате себеси како возач, семејството или сопатниците, но со полисата и другите учесници во сообраќајот

Поседувањето на полиса за осигурување на возилото е законска одредба која е задолжителна за секого. Но, и покрај тоа, во сообраќајот во нашата земја секојдневно учествуваат над 50.000 возила на кои регистрацијата им е истечена еден ден, една недела, месец или повеќе месеци (според Централниот систем за издавање на АО полиси во НБО), што значи дека тие возила се движат по патиштата без да бидат регистрирани и осигурени. 

Осигурувањето на автомобилот кој го возите, доколку е ваша сопственост, тогаш е и ваша одговорност задолжително да го регистрирате возилото секоја година. Со регистрацијата, автоматски се стекнувате и со авто-осигурителна полиса, со која се заштитувате себеси како возач, семејството или сопатниците кои се возат во автомобилот, но со полисата ги заштитувате и другите учесници во сообраќајот од потенцијалните незгоди и штети кои можат да настанат на секој чекор. 

“Во основа, полисата за авто-осигурување ве заштитува вас и останатите учесници во сообраќајот од финансиските штети кои може да ги предизвикаат невнимателностите и непредвидените ситуации во сообраќајот. Поседувањето на задолжителна полиса за авто осигурување, популарно наречена „авто-одговорност“ е должност на секој учесник во сообраќајот со моторно возило. Тоа ја гарантира сигурноста, особено финансиската, во случаи на непредвидена штета, причинета од возилото, према другите учесници во сообраќајот”, велат од МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп.

„Живеам во голем град, каде што е непредвидливиот сообраќај е се’ освен пријател на вашето возило… но јас тоа го научив на потешкиот начин. Откако ми истече регистрацијата долго време се обидував и понатаму да го возам автомобилот, бидејќи ми беше потребен за работа. Но, како некој Марфиев закон – се’ што можеше да тргне наопаку, тргна наопаку. Предизвикав сообраќајна незгода со моето неосигурано возило. Но, бидејќи беше моја вина, морав да потрошам значителни средства за да ги покријам сите трошоци“, казна за нерегистрирано и неосигурено возило и висината за предизвиканата штета, вели Дамјан, поранешен скептик и сегашен корисник на полиса за авто-осигурување.

„За среќа, ја научив мојата лекција. Оттогаш редовно проверувам кога истекува регистрацијата на возилото и одговорно ја обновувам пред нејзиното истекување со што добивам и полиса за автомобилска одговорност, бидејќи плаќањето мала сума еднократно, ме заштитува и може да ми заштеди илјадници евра на долг рок“, додава Дамјан.

Осигурителните компании годишно од нерегистрирани и неосигурани возила исплаќаат 2 до 3 милиони евра за причинети штети од возила учесници во сообраќајни несреќи и незгоди. Иако полисата за авто-осигурувањето претставува прифатлива ставка, наодите покажуваат дека тоа е најисплатливиот и најефективен начин да се заштитите од финансиски трошоци кои можат да бидат неколку кратно повисоки од трошокот за регистразија и полиса за осигурување. Згора на тоа, Македонците плаќаат и најмали цени за авто-осигурување во регионот, што дополнително ја докажува погодноста и едноставните услови за осигурување на возилото.

Премијата за осигурување од автомобилска одговорност е непроменета од 2008 година, или цели 15 години, период  во кој општиот пораст на цените изнесува 61.5%.  При општ пораст на цените во земјава, вклучително на сите фактори кои влијаат на премиите за авто осигурување, само премиите за авто одговорност се замрзнати, што ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот Авто осигурување и долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент.

Поради нерегистрираните и неосигураните возила кои секојдневно се движат по патиштата во Македонија, губат повеќе субјекти државата-губи надоместокот за јавни патишта, за екологија, за Црвен крст … но најголем губитник е оној кој не го осигурал возилото на време, а на некој начин предизвикал сообраќајна незгода и причинил штета на некој друг. Заштитата на она што е ваше секогаш треба да има приоритетно место на листата на вредности, поради тоа што покажува дека сте спремни да инвестирате во вашите одлуки, желби и планови. Затоа, оваа реченица нека ви послужи како правило во животот: Не го ставајте клучот во возилото доколку тоа не е регистрирано и осигурано. 

 

Регистрирајте го вашето возило и ако причините штета активирајте го Вашето осигурување од авто-одговорност за да се чувствувате безгрижно и безбедно секогаш кога сте зад воланот. Вашата осигурителна компанија ќе се грижи за Вас и  во целост ќе ја надомести причинетата штета предизвикана на трето лице.

Доколку не е регистрирано и осигурено возилото грижата за надомест на евентуално причинета штета на трети лица и прекршочните казни остануваат Ваша грижа и обврска.

 

Можеби ќе ве интересира...

Од јануари заклучно со 31 октомври РКЕ има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од скоро 272 MW

BiznisPRO

Халкбанк инвестира во иднината преку поддршка на иновации и претприемништво

BiznisPRO

Претседавачот на ЕБА: Комбинацијата на мерки на Народната банка и останатите централни банки вродија со плод

BiznisPRO