Со новиот закон секое домаќинство ќе може да инсталира фотоволтаични системи на својот кров

„Се работи на овозможување на либерализиран пристап да може секое домаќинство во државата да инсталира фотоволтаични системи. Прво, веќе се подготвува закон со којшто ќе се олесни постапка за инсталирање на фотоволтаични системи на домаќинствата и на индустриските објекти, односно на нивните кровови“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека во план е и да се зголеми моќноста, која во моментов е четири киловати, на шест киловати за домаќинствата, а за деловните објекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лицеца.

„Правиме промени и за да се овозможи дистрибутерите ан електрична енергија да ја преземаат таа енергија од домаќинствата по цена по која дистрибутерот ја презема електричната енергеија од државниот снабдувач, односно од производител на енергија“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира...

Супер вест: Поевтини дизелот за 2.5 денари

Бизнис про

ПАДНА ОДЛУКА: Дизелот поскапува, бензинот поевтинува – еве колку ќе чини литар гориво оваа недела

jovan sokolovski

Потребите за електрична енергија непречено се задоволуваат

Бизнис про