Солидни оперативни резултати со исклучителен обем на продажба и зголемена прилагодена ЕБИТДА во услови на намалени меѓународни цени на горивата

Силни оперативни резултати ја одбележаа 2023 година, покажувајќи значителен напредок во деловното работење, особено кога ќе се земе предвид падот на меѓународните цени на суровата нафта и на дериватите, кој е резултат на случувањата во поширокото макроекономско опкружување, поблагите временски услови и доволната глобална понуда на нафтени деривати, по пренасочувањето на извозот на руските производи кон пазарите надвор од Европа откако беа воведени новите европски санкции.

Силните резултати постигнати во текот на годината ја потврдија деловната стратегија на компанијата која раководството дисциплинирано ја спроведува во изминатите години. И покрај конкурентното опкружување полно со предизвици во кое делува компанијата, таа успеа да ја задржи лидерската позиција на пазарот со 70% пазарен удел во Република Северна Македонија и 36% пазарен удел во Косово на крајот на 2023 година, што доведе до зголемување на продажбите од 3% споредено со 2022 година.

Најзначајни остварувања во четвртиот квартал и 2023 година
• Прилагодената ЕБИТДА за фискалната 2023 година достигна 774 милиони денари, што претставува зголемување од 8% споредено со истиот период минатата година, а е резултат на зголемениот обем на продажба на двата пазари на кои компанијата работи.
• ЕБИТДА достигна 537 милиони денари, пониска во однос на 910 милиони денари остварени во 2022 година. Намалувањето главно се должи на позитивниот ефект на вреднувањето на залихите од 192 милиони денари забележан минатата година, наспроти негативниот ефект од 237 милиони денари во фискалната 2023 година. Добивката пред оданочување изнесува 220 милиони денари.
• Приходите од продажба се на ниво од 49.236 милиони денари во фискалната 2023 година, што претставува намалување од 18% во споредба со истиот период минатата година, поттикнато од падот на меѓународните цени на горивата. Приходите од продажба во четвртиот квартал од 2023 година изнесуваат 13.100 милиони денари, што претставува намалување од 9% во споредба со истиот период минатата година.
• Бруто маржата за фискалната 2023 година е на ниво од 1.177 милиони денари, пониска во споредба со истиот период минатата година, како резултат на намалените меѓународни цени на горивата. Бруто маржата во четвртиот квартал од 2023 година достигна 261 милион денари, и е значително повисока од негативните 22 милиони денари забележани во истиот период лани.
• Во согласност со своите стратешки приоритети, компанијата инвестираше 256 милиони денари во текот на 2023 година во изградба на фотоволтаична централа од 12 MW, која ќе биде ставена во функција на крајот на првото полугодие од 2024, создавајќи нов извор на приходи.

Финансиските резултати за 2023 година го вклучуваат и Данокот на солидарност од 50 милиони денари усвоен од Собранието на 25 септември 2023 година.

Информации во врска со спорот со Царинската управа на Република Северна Македонија
Во однос на ревизијата спроведена во текот на 2019 година од страна на царинските органи на Република Северна Македонија за фискалните години 2014 – 2018 и периодот јануари – мај 2019 година, износот изречен на ОКТА заклучни со 31 декември 2023 година, изнесува 1.205 милиони денари и е целосно исплатен. Резервацијата од 58 милиони денари, која беше вклучена во билансот на состојба на компанијата заклучно со 31 декември 2022 година, е целосно искористена, додека дополнителни расходи од 8 милиони денари се признаени во билансот на успех на компанијата до 31 декември 2023 година. Сите очекувани одлуки се примени. Затоа, не се очекува да бидат наметнати дополнителни износи од страна на релевантните царински органи за 2019 година. ОКТА ја задржува својата позиција дека секогаш постапува во целосна согласност со сите релевантни закони, како и согласно добиените експертски мислења, и има намера да ги оспори сите овие одлуки до највисоките судски органи, на локално и ако е можно и на меѓународно ниво.

ОКТА продолжи да постигнува солидни резултати во согласност со своите цели, потврдувајќи ја релевантноста на својата стратегија. Компанијата дисциплинирано ги спроведува своите инвестициски планови и ги одржува своите резултати, додека успешно се трансформира. Останува фокусирана кон снабдувањето на потребите на државата со нафтени деривати, додека истовремено се подготвува за инвестиции кои имаат за цел забрзување на енергетската транзиција.

Корпоративна општествена одговорност
ОКТА ја заокружи 2023 година со имплементирање на различни општествено одговорни активности кои имаа за цел да придонесат кон благосостојбата и одржливоста на општеството. Во таа насока, успешно беа завршени планираните иницијативи во обновлива енергија, вклучувајќи ја донацијата на третата фотоволтаична централа која беше инсталирана на покривот на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Како долгогодишен партнер на Црвениот крст на град Скопје, ОКТА повторно се вклучи во кампањата „Помислете и на нас“ преку донација на пакети со храна наменети за ранливите групи граѓани. Одржувајќи ја традиција за поддршка на училиштата во близина на инсталацијата на ОКТА за време на новогодишните празници, компанијата донираше телевизори со цел унапредување на образовниот процес и обезбеди пакетчиња за учениците од прво до трето одделение.

Здравјето и безбедноста на нашите вработени и клиенти, како и континуираното и непречено снабдување на регионот со горива, остануваат врвни приоритети на раководството на ОКТА.

Можеби ќе ве интересира...

ПОЕВТИНА ЦЕНА НА НАФТАТА На американскиот пазар потребно е да се издвојат нешто повеќе од 76 долари за барел

BiznisPRO

Ефектот на поевтината струја: Производните цени во Германија паднаа за прв пат од крајот на 2020 година

BiznisPRO

Драстичен скок на цените на нафтата: Светскиот пазар повторно тресе

BiznisPRO